-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Измислен завој кој помага во зараснувањето на скршеници

Kabtel desktop

Нов тип на завој во иднина ќе може да ги лечи скршените коски така што ќе испушта протеини одговорни за формирање на коските директно во скршениците. Биоматеријалот, кој може да се прикачи за една фрактура како фластер со цел да гоо забрза лекувањето, успешно беше тестиран на черепи од глувци.

Откако ќе ги заздрави парчињата скршена коска, биоразградливиот завој, кој е 2-3 пати подебел од човечко влакно, се апсорбира во телото без никакви несакани ефекти. Научниците што го создадоа се надеваат дека откако ќе поминат клиничките тестирања, овој завој за лекување скршени коски ќе го смени начинот на кој се третираат скршениците во болниците и да се намали бројот на инфекции поради сериозни фрактури и отворени рани.

„Нашата технологија е прва во светот која може да генерира човечко ткиво слично на коска од човечки клетки во лабораторија за само една недела и успшено да го трансплантира во скршените коски со цел да се иницира и да се забрза заздравувањето на коската“, вели д-р Шукри Хабиб од Кралскиот колеџ во Лондон. 

„Завоите се тенки и флексибилни, па може да се стават на минимално инвазивен начин“ додава тој. Се очекува да почнат клинички тестирања за овие завои за лечење коски, а научниците планираат дополнително да го развијат концептот за да се подобри лекувањето и на други органи и ткива.

„Концептот на 3Д генерирано ткиво и завои има потенцијал да се примени на други повредени ткива и органи“ вели д-р Хабиб.

Самиот завој е направен од полимер наречен поликапролактон, кој веќе е одобрен од Агенцијата за храна и лекови во САД за употреба во медицината и во стоматологијата. Тимот има развиено два типа на завои кои го подобруваат лекувањето на коските. Биоматеријалот е ставен во протеин наречен ‘Wnt3a’, кој се користи во целото тело за раст и лекување.

„Wnt3a е дел од семејство слични протеини кои се наоѓаат во целото тело и се вклучени во растот и лекувањето на многу органи и ткива“ објаснува д-р Хабиб.

Во самиот завој од биоматеријал новата коска расте директно под завојот. Втората верзија е уште поефективна. Човечки клетки од коскена срцевина се одгледуваат во 3Д гел пред да се трансплантираат, кои потоа формираат слоеви слични клетки како во коските.  

(Daily Mail)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!