9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Претставен Samsung Galaxy S20 FE: Креиран за сите, наменет за тебе

Kabtel desktop

Тројната камера од професионален ранг, живописни бои и внимателно одбрани премиум иновации

Samsung Electronics денеска го претстави Galaxy S20 Fan Edition (FE), премиум флегшип паметен телефон кој што ги обединува омилените функции на Galaxy серијата, по желбата на нејзините најверни фанови, со почетна цена од 38,999 МКД.

Последните месеци, светот каков што го знаеме значително се промени, а фокусот се насочи на поврзаноста и достапноста на сите содржини и функции, без оглед на кое место се наоѓаме, а тоа и даде на технологијата уште позначајна улога во секојдневниот живот. Затоа Samsung го креираше Galaxy S20 FE, за да може флегшип мобилното искуство да биде понудено на што голем број на корисници. Овој телефон ги обединува одбраните карактеристики на Galaxy S20 серијата, како што се super smooth scrolling екранот, камерата која што работи со помош на вештачка интелигенција, напредниот чипсет, хипер брзата конекција, целодневната батерија[1], просторот за складирање со можност за зголемување[2], како и премиум дизајнот.

„Ние сме во постојан контакт со нашите најверни фанови и внимателно слушаме што е тоа што најмногу им се допадна кај Galaxy S20 серијата, кои опции најмногу ги користеле и што сакаат да видат на новите паметни телефони“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Galaxy S20 FE е најновиот член на Galaxy семејството кој означува почеток на новиот начин на овозможување на Samsung иновациите до што поголем број на корисници.“

Изразете се на најдобар начин

Во последно време, снимањето фотографии, видео снимки и нивното споделување со пријателите стана најдобар начин на кој што корисниците можат да ја изразат својата посебност. Токму поради тоа, Galaxy S20 FE доаѓа со камера од професионален ранг, со селфи камера од 32MP, со tetra-binning технологија која што овозможува инстант снимање на врвни фотографии за друштвените мрежи.

Со големите визуелни сензори кои што вклучуваат обработка на фотографии во повеќе кадри, корисниците со леснотија ќе можат да снимаат фотографии богати со боја, дури и во услови со слабо осветлување. Night mode обработката на слики со помош на вештачката интелигенција со леснотија го стабилизира кадарот во текот на снимањето, така што корисниците можат во целост да се фокусираат на забавата.

Кога не се во непосредна близина на случувањата, на корисниците им е на располагање моќниот 30X Space Zoom[3] кој овозможува правење на сјајни и чисти фотографии. Обработката и споделувањето на фотографиите и видео материјалите е многу важно за фановите, па така S20 FE им дозволува, како вистински професионалци да креираат врвни содржини во реално време.

За да го одрази личниот стил на корисникот, Galaxy S20 FE доаѓа во дури шест живописни бои, кои што прилегаат на сечиј став, изглед и личност, а се ускладени и со клучните елементи на дизајнот на софистицираната Galaxy S20 серија. Боите во кои ќе биде достапен S20 FE во Македонија се Небесно сина, Небесна ментол-зелена, Небесно виолетова, Небесно црвена, Облак бела, Небесно портокалова[4]. Исто така, материјалот од кој што е направен овој премиум уред максимално ги намалува трагите од отпечатоците на прстите и дамките.

Правете го она што го сакате

Кога е паметниот телефон во центарот на секојдневниот живот на корисникот, сѐ што треба да овозможува е беспрекорно искуство – од дизајнот до перформансите. Затоа, Samsung го опреми новиот Galaxy S20 FE со напреден процесор и ја прилагоди 5G мрежата[5] за да го постигне токму тоа. Ова е совршен уред за листање на содржина или гледање на видео запис со супер мазниот 6,5 инчен[6] Infinity-O Super AMOLED екран и освежувањето на сликата од 120 Hz. Исто така, Galaxy S20 FE е поврзан со останатите производи од Galaxy екосистемот, како што се Galaxy Buds Live безжичните слушалки и Galaxy Fit2 паметната нараквица.

Сѐ што сакате без никаква грижа

Паметниот телефон Galaxy S20 FE е опремен со моќна батерија која може да трае цел ден[7]. Издржливата батерија од 4.500 Mah, моќните AP перформанси и супер брзото полнење, на секој корисник му овозможуваат да го прави тоа што го сака, без било каква грижа за траењето на батеријата[8]. На корисниците на паметниот телефон Galaxy S20 FE им е обезбедено врвно мобилно искуство со поддршка на три генерации за надградба на Android (OS) оперативниот систем, како и опциите за безбедносна заштита што следат по нив.

Достапност

Galaxy S20 FE ќе биде достапен на домашниот пазар од 2 oктомври 2020 година, по цена од 38,999 МКД. Постои и нарачување однапред, кое почнува од 23.септември 2020 година. Повеќе информации ќе пронајдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s20fe/

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •