10 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Владо Цекиќ на листата 30 највлијателни и најуспешни млади бизнис лидери Business Elite’s “Under 30” CEE

Kabtel desktop

Владо Цекиќ основач и извршен директор на squareONE Marketing & Advertising, станува дел од светската бизнис алумни елита, како млад инспиративен лидер и предводник во унапредување на претприемничката култура и идниот раст на бизнис заедницата.

Business Elite Awards, бренд на реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards, се фокусира на градење широка мрежа од елитата за елитата. Бидејќи големите умови размислуваат слично, а колективните умови успеваат заедно, членовите на „Executive Club”, односно престижната алумни мрежа се исклучително успешни млади луѓе од бизнисот кои имаат пристап до платформа за меѓународно поврзување и соработка.

“Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам добитник на признание кое доаѓа од толку реномирана и престижна програма како Business Elite’s “Under 30”. Можноста да бидам дел од истата во конкуренција од исклучително брилијантни поединци и компании кои секојдневно демонстрираат визија, лидерство и успех, на територијата на Европа е навистина огромна.

Наградата е круна на реализацијата на целиот тим на squareONE. Таа е плод на тимската кохезија, придонесот и активниот стремеж кон една заедничка цел. Токму масивниот извор на енергија, креативност и нови идеи се движечка сила зад интернационалниот раст на компанијата. За мене оваа награда креира и индивидуална вредност за старт-ап заедницата и претприемништвото во нашата земја. Таа е доказ, дека претприемништвото игра значајна улога во обликувањето на економскиот пејзаж на земјата. Како мотор на економскиот раст и катализатор за проширување и унапредување на продуктивните вредности во секоја сфера на економскиот живот, ова признание е симбол на позитивен тренд и раст на бизнис климата во земјата.

На крај, се надевам дека овој успех ќе биде и нов поттик за сите млади лидери да продолжат да веруваат во себе и својата амбиција. Само на овој начин, можеме да придонесеме кон  обновување на структурите на донесување одлуки во општеството и да ја вратиме довербата во конкурентноста на домашниот пазар.”

Препознавајќи ја амбициозноста и бизнис талентот кај менаџерите и претприемачите помлади од 30 години, ексклузивната Business Elite’s “Under 30” награда претставува едно од најпопуларните признанија во светот за младите бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. Секако, пред секој кој се стекнал со вакво признание претстојат уште многу предизвици и стекнување на искуство во бизнисот со што би изградиле една блескава кариера и би постигнале огромни успеси во светот на бизнисот во иднина.

„Владо професионално го познавам веќе неколку години и многу често знам да го споменам како пример на човек кој се откажал од сериозна позиција во голема компанија за да го следи сонот, односно да го разбуди претприемничкиот дух, да излезе од зоната на комфор и да ги преземе сите ризици кои ги носи приватниот бизнис. Гледано од денешна инстанца, многу е лесно да се заклучи дека тоа за него бил правиот чекор, меѓутоа во моментите на донесување на одлуката верувам дека воопшто не му било лесно и затоа можам само да му честитам за храброста. За мене нема дилема дека за многу брзо, искуството кое ќе го стекне на меѓународниот пазар каде веќе бележи големи успеси, заедно со неговиот бизнис талент, ќе резултираат во уште многу побројни и поголеми успеси за него и неговата компанија“, вели д-р Виктор Ѓорѓиески, регионален директор во Business Elite Awards.

Овогодинешниот Business Elite’s “Under 30” настан традиционално ќе се одржи со специјална гала свеченост за доделување на престижните наградите на младите менаџери и претприемачи од светот на бизнисот, во Будимпешта, Унгарија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •