Враќање во нормалeн живот на крајот на 2021 година?

- Advertisement -

Шефот на британскиот стручен штаб за вакцината против Ковид-19, Кејт Бингам, во интервју за Би-Би-Си оцени дека животот ќе се врати во нормала дури пред крајот на 2021 година. Таа најави дека вакцината против коронавирус може да биде достапна најрано до крајот на оваа година и додаде дека прво ќе ја примат „најранливите“ членови на британското општество.

„Не мислам дека е веројатно дека почетната вакцинација ќе ги заштити луѓето засекогаш. Можеби ќе треба да се ревакцинираме за да го задржиме имунитетот против коронавирусот“, изјавила Бингем.

- Advertisement -

Во меѓувреме, во Северна Ирска било објавено дека во петок ќе започне двонеделен прекин на училиштата и услужните активности и четиринеделно затворање на ресторани и пабови со цел да се запре понатамошното ширење на вирусот.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -