-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Европската агенција за лекови на почетокот на 2021 година веројатно ќе одобри три вакцини против КОВИД-19

Kabtel desktop

Ако се помине добро, Европската агенција за лекови на почетокот на идната година би можела да одобри три вакцини против КОВИД-19, изјави извршниот директор на агенцијата. Тој додаде дека е многу тешко, ако не и невозможно да се очекува дека годинава ќе имаме готова вакцина.

Првата вакцина за високоризичните групи би можела да биде достапна до пролет, додаде извршниот директор Раси. EMA размислува за одобрување на вакцините кои ги развиваат Pfizer, AstraZeneca и Moderna.

Резултатите од испитувањата на тие вакцини се анализираат како што пристигнуваат, за да се забрза процедурата на одобрување ако некоја од вакцините се покаже успешна.

Развојот на вакцини би бил само почеток на крајот на пандемијата, а не нејзин вистински крај, предупреди Раси. Тој порача дека мерките како почитување на социјалната дистанца и носењето заштитни маски и понатаму се потребни затоа што ќе бидат потребни најмалку шест месеци за да се утврди дали вакцините се успешни во намалувањето на ширењето на вирусот.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •