10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Стартапите кои работат на промени да аплицираат на повикот на Founder Institute

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Во време на неизвесност и криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, претприемачите може да дадат придонес со идеи и решенија кои ќе водат кон промени и надминување на предизвиците.

„Кога има фундаментални промени во светот, паметните луѓе се зафаќаат со градење на иднината. Не знаеме каква иднина носи, но што и да се случи, Founder Institute ќе ве поддржува на секој чекор“ велат од акцелераторот.

Затоа Founder Institute, еден од најголемите светски акцелератори за рана или почетна фаза во креирање на еден стартап, упатува повик за пријавување на новата програма која целосно ќе се реализира онлајн.

Крајниот рок за пријавување на Balkans Virtual 2020 програмата истекува на 25 октомври, па затоа сите стартапи или тимови кои имаат идеја за нови решенија треба да побрзаат и да се регистрираат на следниот линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!