-2 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Создадена „супер бела“ боја која ги разладува зградите и автомобилите

Kabtel desktop

Летото е одлично време, но за многумина е премногу топло. Повеќето од луѓето би рекле дека не можат да го преживеат летото без добра клима. Но, што ако зградите и автомобилите никогаш не се загреваат?

Инженери од Универзитетот Пердју Pсоздадоа бела боја која може да ги држи површините ладни дури до -7,778°C поладни од околината. Освен тоа, „супер белата“ боја рефлектира 95,5% од сончевата светлина и ефикасно испушта инфрацрвена топлина.

„Звучи многу контрадикторно кога ќе кажеме дека некоја површина која е директно изложена на светлина е поладна отколку температурата на воздухот, но ние докажавме дека тоа е возможно“ вели Џиулин Руан, професор по инженеринг на Универзитетот Пердју.

Бојата функционира така што не апсорбира воопшто соларна енергија и ја одбива топлината. Може дури и да помогне за справување со климатските промени така што ќе ја одбива топлината од Земјата во вселената, каде што нема да и наштети на нашата планета.

Нема да ја испратиме топлината од површината на Земјата во вселената, туку ќе ја испратиме во универзумот, кој е бесконечен“ вели д-р Џиангју Ли, истражувач на Институтот за технологија на Масачусетс, кој исто така работел на проектот.

За да ја докажат ефикасноста на новиот производ истражувачите од Пердју правеле фотографии од бојата со инфрацрвена камера и ги споредувале со обична бела боја. Резултатите биле импресивни. Имено, инфрацрвената камера покажува температура исто како што термометарот покажува кога некој има температура. Резултатите од инфрацрвената камера покажале дека новата боја има многу пониска температура од околината и од обичната бела боја.

Подолу можете да го погледнете видеото од експериментот.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •