-2 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје го избраа Трамп за претседател на САД

Kabtel desktop

По повод претседателските избори во САД, Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје традиционално, по четврти пат, организира специјален настан и симулација на гласање.

Годинава, на 29 октомври, се одржа вебинар со г. Ерик Елиот, претставник на Амбасадата на САД во Скопје, РС Македонија, кој го претстави американскиот изборен модел и спецификите на претседателските избори во 2020 година. Студентите од УАКС имаа можност да поставуваат прашања, а како дел од вебинарот се организира и симулација на гласање.

Според резултатите од студентското гласање на УАКС, Доналд Трамп е повторно избран за претседател на САД.

Дали ваквиот исход ќе се совпадне со резултатите од гласањето на американските граѓани, останува да се види по 3 ноември, денот на претседателските избори во САД. Според досегашното искуство, изборот на студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје секогаш се совпаѓал со конечниот исход, поточно – студентите на УАКС три пати го имаат погодено резултатот на претседателските избори во САД, со изборот на Барак Обама во првиот и вториот мандат, како и со изборот на Доналд Трамп во првиот мандат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •