Додека светските власти поголем дел од 2020 година се обидуваат да ја зауздаат пандемијата на корона вирусот, речникот Колинс го прогласи зборот „lockdown“ за збор на годината. Англискиот назив „lockdown“ е составен од зборовите „lock“ (заклучува) и „down“ (долу). Англискиот збор „lockdown” значи затворање, заклучување, блокада, изолација.
Во објаснувањето на Колинс се вели дека зборот кој се дефинира како „наметнување строги ограничувања на патувањето, социјалната интеракција и пристапот до јавните простори“ е избран за збор на годината затоа што претставува обединувачко искуство за милијарди луѓе во светот.
Шест од десет зборови кои влегоа во потесен избор се однесуваат на пандемијата, а меѓу нив се: корона вирус, самоизолација и социјално дистанцирање. Уредништвото на Колинс појасни дека во 2020 година зборот „lockdown“ е употребен над 250.000 пати во однос на само 4.000 пати минатата година.
Во потесен избор бил и зборот „тиктокер“, кој Колинс го дефинира како „личност која редовно споделува или се појавува во записи на ТikTok”. И зборот „BLM“, кратенка од „Black Lives Matter” (црните животи вредат) се најде во потесен избор. Колинс го дефинира како „движење кое води кампања против расно мотивираното насилство и угнетување.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)