14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

На овие четири видови храна корона вирусот може да живее со недели

Kabtel desktop

Центарот за контрола и превенција на болести и светската здравствена организација наведуваат дека можноста за заразување со корона вирусот преку храна, односно со допирање на контаминирани површини е многу ретка и дека главниот начин за ширење на Ковид-19 и понатаму е блискиот контакт.

Меѓутоа, случаите за контаминација во фабрики за преработка и пакување на храна ги поттикнаа владите и здравствените заедници да го истражат тој проблем. Кина утврди декатраги од вирусот се пронајдени на увезено месо и морски плодови од Латинска Америка и Европа. Во август годинава кинеските власти известија дека пронашле траги од корона вирусот на смрзнати пилешки крилца од Бразил. Испитувањата утврдија дека вирусот може да преживее на сурова хран и на амбалажата неколку дена, па дури и неколку недели.

Потоа се појавија уште неколку случаи, а на сите им е заедничко тоа што вирусот е пронајден на смрзната или ладна храна, па изгледа дека ниската температура овозможува вирусот да преживее. Ова се четирите видови храна на кои корона вирусот може да преживее најдолго.

1.Лосос

Ново истражување на Земјоделскиот универзитет на Јужна Кина и на Земјоделската академија Гуангдонг во Гуангжу потврди дека на смрзнати примероци од лосос биле откриени траги од вирусот. Истражувачите тврдат дека вирусот преживеал до осум дена на температура помала од 4°C.

2.Пилешки крилца

Во август годинава кинеските власти известија дека пронашле траги од вирусот на смрзнати пилешки крилца од Бразил. Месото е тестирано во текот на граничен преглед во градот Шенжен. За среќа, ниеден случај на зараза меѓу луѓето не е поврзан со производите, а медицинските експерти од кинескиот универзитет во Хонгконг претпоставува дека честичките на вирусот веројатно дошле од амбалажата на месото.

3.Шкампи

Уште една латиноамериканска земја поврзана со контаминирана храна е Еквадор. Во кинеската покраина Анхуи утврдено е дека замрзани шкапми увезени од оваа земја имаат траги од вирусот на амбалажата.

4.Свинско месо

Во студии од Ирска и Сингапур, со кои се испитува стапката на преживување на корона вирусот на неколку видови месо, вклучувајќи и свинско месо, утврдено е дека вирусот преживеал најмногу три недели после контаминацијата на ладни примероци (–20 °C и –80 °C). Истражувачите изјавија дека иако ризикот од пренос на луѓе во такви случаи е минимален, и понатаму постои потенцијал за избивање на болеста.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •