Над 100.000 студенти за 25 години во Семос Едукација

- Advertisement -

Пред 25 години, во нашата земја не постоеше јасна слика за тоа каде води дигитализацијата и кои се можностите кои таа ги отвора. Голем дел од денешните професии поврзани со неа воопшто не постоеја, а малубројни беа компаниите од оваа област. Малкумина го насетуваа просторот за развој кој го отвора дигитализацијата.

Прв меѓу нив беше тимот кој воден од ентузијазмот кон компјутерите и електрониката и препознавајќи го предизвикот на дигитализацијата, во 1995-та година го отвори првиот тренинг центар за ИТ обуки – Семос Едукација. Со тоа беа поставени темелите на ИТ едукацијата во земјава, но беа дадени и основните правци на развојот на ИТ професиите кои денес управуваат со дигитализацијата во земјава и во светот.

- Advertisement -

25 години подоцна, над 100.000 студенти успешно ги имаат поминато обуките на Семос Едукација и успеале да влијаат на својот професионален развој, едуцирајќи се во области кои ги бара општата дигитализација. Меѓу нив, десетици илјади млади луѓе се стекнале со вештини и знаења кои им помогнале да ја пронајдат својата професионална ориентација и своето прво вработување, често токму во ИТ индустријата. Со тоа и со другите свои активности, Семос Едукација континуирано влијае врз обликувањето на оваа индустрија во земјава и врз поставувањето стандарди за нејзин понатамошен развој. Компанијата придонесува и во создавањето на нови професии во индустријата во нашата држава. Меѓу последните вакви примери се софтвер-тестер и cloud-инженер.

Со текот на годините, Семос Едукација разви цврсти партнерства со најголемите ИТ компании во светот преку кои обезбедува светски сертифицирани програми и иновативни обуки во правец на задоволување на динамичните потреби и барања на ИТ индустријата. Пример за ова е и најновата обукa за Data Science, која во светски рамки е препознаeна како една од професиите кои се во подем.

- Advertisement -

По повод прослава на големиот јубилеј – 25 години постоење, овие месеци Семос Едукација подарува картичка-подарок во вредност од 50€ за обука по ваш избор до 31ви декември. Подарокот може да го преземете на следниот линк: https://25godini.semosedu.com

Сподели!
- Advertisement -