Прогноза на СЗО за здравствената слика на светот во 2021 година

- Advertisement -

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека и во новата година ќе има застој и нови предизвици, повикувајќи да се интензивираат напорите за да се обезбеди откривање на нови варијанти на коронавирусот.

Говорејќи на онлајн прес-конференција во Женева, Тедрос предупреди дека ќе има застој и нови предизвици во новата година, повикувајќи се на појава на нови видови на коронавируси, но апелираше да им се даде помош на луѓето на кои им е тешко да продолжат со борбата, затоа што се уморни од пандемијата.

- Advertisement -

Тој додаде дека СЗО работи тесно со научници од целиот свет за подобро разбирање на промените во вирусот и нивното влијание.

Во таа смисла, Тедрос ја истакна важноста од зголемување на капацитетот за геномско секвенционирање низ целиот свет, како и споделување информации со Агенцијата за здравство на ООН и другите земји.

- Advertisement -

Новиот вид на коронавирус, кој беше откриен во Велика Британија и Јужна Африка и кој се чини дека е позаразен, предизвика загриженост низ целиот свет и доведе до воведување на нови ограничувања за патувања овој месец.

Извор: Novosti.rs

Сподели!
- Advertisement -