19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

„Дали ме сакаш“ – танц на роботите од „Бостон Дајнемикс“

Kabtel desktop

Роботите Атлас и Спот од „Бостон Дајнемикс“ можат да направат многу работи – да спринтаат, да изведуваат гимнастички рутини, паркур, салто наназад, да отвораат врати и да мијат садови… Но во најновото видео на компанијата, јавноста може да го засведочи нивниот најнов импресивен трик – роботите може и да го освојат подиумот.

Во новото видео со наслов „Дали ме сакаш“, целата роботска екипа на компанијата – хуманоидниот робот Атлас, кучето робот Спот и роботот Хендл, заедно танцуваат на координирана танцувачка рутина на песна од „Д Контурс“.

Ова не е прв пат „Бостон Дајнемикс“ да ги покаже танцувачките вештини на роботите. Во 2018 година, кучето робот Спот, танцуваше на „Аптаун фанк“. Но во ова најново видео, роботите танцуваат координирано додека скокаат, трчаат и танцуваат на прсти како балерини.

Оваа година, „Бостон Дајнемикс“ беше откупена од „Хјундаи“. Оригинално, компанијата беше создадена во 1992 година како дел од Институтот за технологија во Масачусетс, а на јавноста и стана позната токму преку првиот комерцијален робот – кучето Спот.

Во продолжение погледнете го извонредниот роботски танц.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •