Јапонци спремаат дрвени сателити за испраќање во вселената

- Advertisement -

Јапонската компанија Sumitomo Forestry почна со истражување на користењето дрвени материјали во вселената. Во тоаа смисла, ги здружија силите со Универзитетот Кјото и заедно експериментираат со разни видови дрво во екстремни услови на Земјата.

Вселенскиот отпад станува се посериозна закана во Земјината орбита со оглед на тоа дека таму се испраќаат се повеќе сателити. Она што дрвените сателити го нудат е опцијата за согорување во атмосферата при повторно влегување во неа и после истекот на нивниот век на траење, но без ослободување на штетните ќестички во атмосферата или создавање дождови кои потоа паѓаат на површината на Земјата и претставуават опасност по луѓето, зградите и околината.

- Advertisement -

Многу сме загрижени поради фактот дека сите сателити кои повторно влегуваат вo Земјината орбита при согорувањето испуштаат ситни честички кои лебдат во горниот дел од атмосферата долги години. Со тек на време тоа ќе влијае на околината на Земјата, порачуваат јапонските научници.

Sumitomo Forestry, која е дел од групацијата Sumitomo Group, која постои веќе 400 години, објави дека работи на истражување на дрвени материјали кои се високо отпорни на промени во температурата и на сончевата светлина. Дрвото кое го користат во истражувањата го нарекоа својата R&D тајна.

- Advertisement -

Според податоците на Светскиот економски форум, во Земјината орбита има речиси 6.000 сателити, а 60% од нив се нефункционални и претставуваат само вселенски отпад. Се проценува дека до 2028 година ќе има околу 15.000 сателит, вклучувајќи ги и сателитите на SpaceX од програмата Ѕtarlink.

Исто така, вселенскиот отпад патува со огромна брзина од 35.680 км/ч, што значи дека потенцијално може да нанесе голема штета на кој било објект со коjшто ќе се судри во Земјината орбита.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -