4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Дарувај Крв – мобилна апликација за сите крводарители

Kabtel desktop

„Дарувај Крв“ е новата мобилна апликација наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв. Зад нејзината изработка стои активистот и програмер Горјан Јовановски, заедно со Александар Богдановски и Стефан Велковски, како и здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.

Во неа, секоја недела ќе се објавуваат крводарителски акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија, за да може полесно да се биде во тек каде и кога може да се спаси живот.

Во моментов апликацијата е достапна само за Андроид телефони, но наскоро е најавено дека ќе проработи и на iOS. Во изработка е и втора верзија, каде секој ќе може да одберете која крвна група е и да добие нотификации кога ќе се бара таква крвна група во неговиот град.

„Да спасиме живот, да донираме крв! Преземи ја ДарувајКрв денес!“, велат од „Дарувај Крв“.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •