1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Шведскиот град Гетeборг ја гради првата градска зона без емисија на гасови во светот

Kabtel desktop

Шведскиот град Гетеборг ја развива првата градска зона со нула емисија на гасови во светот. Во соработка со Volvo Cars, иницијативата Gothenburg Green City Zone initiative ќе биде отворена за економски активности и ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во бизниси кои поддржуваат одржлив развој.

Девелоперите се надеваат дека градот ќе се претвори во една од најголемите живи лаборатории за технологии за нула емисија на гасови во светот. Ако иницијативата оди според планот, Gothenburg Green City Zone ќе имплементира 100% чист транспорт до 2030 година.

Гетенбург е вториот по големина шведски град со популација од околу 570.000 луѓе. Градот е популарна туристичка дестинација и е лидер во истражување и технологии за нула емисија на гасови со цел борба против климатските промени. Девелоперите на иницијативата предвидуваат стабилен пораст на бројот на турсити во градот до 2030 година и планираат да развијат транспортна инфраструктура која ќе ги задоволува потребите на населението без загадување на околината.

Иницијативата веќе најде партнери низ целиот свет. Некои од нив се Volvo Cars и Истражувачкиот институт на Шведска. Други страни кои се заинтересирани за проектот се Технолошкиот универзитет Чалмерс, Универзитетот Гетеборг, Шведскиот изложбен и конгресен центар, Градот Мелндал и Научниот парк Јоханесбург.

(Inhabitat)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •