1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021
asd
Home Зелена планета AirBird е уред кој ве предупредува да отворите прозорец кога има премногу CO2 во просторијата

AirBird е уред кој ве предупредува да отворите прозорец кога има премногу CO2 во просторијата

0
AirBird е уред кој ве предупредува да отворите прозорец кога има премногу CO2 во просторијата
Kabtel desktop

Загадувањето на воздухот е една од главните причини за влошеното здравје на луѓето ширум светот. Додека квалитетот на воздухот надвор постојано се следи за да се забележат опасни нивоа на токсини, воздухот во домовите често се занемарува. Но, најголем дел од луѓето во развиените градови поминуваат 90% од времето дома. Токму затоа компанијата AirBird направи производ кој го мери квалитетот на воздухот и нивоата на токсините во затворени простории.

Уредот е дизајниран во Данска, а произведен во ЕУ. AirBird има форма на жолт канаринец, а ја мери количината на CO2, температурата и влажноста на воздухот. Мерешето го врши на секои неколку минути и континуирано го следи квалитетот, кобминирајќи информации за моменталните услови и условите на подолг рок.

Потребни се само неколку минути за да се постави и лесно се користи. Кога ќе биде поставен AirBird ќе испрати предупредување кога нивото на CO2 ќе стане премногу високо, што најчесто е резултат на лоша вентилација, особено кога повеќе луѓе се собрани на исто место. Иако AirBird не може да го поправи квалитетот на воздухот, ви обезбедува информации зa да го насочите вниманието на квалитетот на воздухот дома.

AirBird was се тестираше во данско државно училиште и се собираат корисни информации за планираната надградба.

Повеќе студии покажуваат дека квалитетот на воздухот дома влијае на концентрацијата и на спиењето. Исто така, тоа е дополнителен фактор за влошување на симптмите на астмата и алергиите.

Технологијата на AirBird е инспирирана од канаринецот. Пред многу децении рударите користеле жолти канаринци во рудниците за јаглен за да ги предупредат работниците на високи нивоа на јаглерод моноксид и други токсични гасови. Птиците многу брзо реагирале на штетните гасови и ги предупредувале работниците да го напуштат рудникот.

Паметниот сензор за дома може да се користи во детските соби, на училиште, во градинки со цел родителите да бидат мирни дека воздухот дома е безбеден за нивните деца.

(Inhabitat)

(фото: Air Bird screenshot)

Сподели!
  •  
  •