7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Дваесет млади луѓе станаа дел од програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

Kabtel desktop

Дваесет млади луѓе денеска започнаа да ги следат обуките во рамки на програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“. Целта е да се овозможи градење вештини младите  со трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот на државата како покровител на програмата и Советот на странски инвеститори.

Право на учество во програмата имаа студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.

Претседателот Пендаровски кој денеска се обрати пред нив, порача дека се работи за млади луѓе кои ја заслужуваат и ќе ја оправдаат довербата, а на државата останува обврската да им овозможат услови на овие млади луѓе кои сакаат да останат во државата, да ја добијат првата шанса тука.

„Ваквите проекти не претставуваат замена за образовниот систем, но, треба да ја добијат нашата поддршка, затоа што се значаен додадок на теоретското образование и можност студентите да бидат директно вклучени во процесите, во креирањето на  политиките и во функционирањето на соодветни сектори во компаниите. Така што, од оваа програма ќе има двоен бенефит. Од една страна, компаниите ќе имаат можност да ги чујат размислувањата на младите, а, младите кадри ќе имаат можност да стекнат нови, практични знаења.

Крајната цел на сите нас е дипломираните студенти да ги задржиме тука и заради тоа треба да дадеме предност на квалитетот и професионалноста над импровизацијата и полтронството. Само на тој начин ќе спречиме емиграција на квалитетни и способни кадри“, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ во наредните два месеца предвидува обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, вебинари, подготовка на студија на случај и посета на различни сектори во рамки на компаниите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •