1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Научници пронајдоа генијален начин искористените маски за лице да ги претворат во патишта

Kabtel desktop

Милијарди луѓе секоја недела трошат по неколку заштитни маски и тој факт ги вклучи алармите на организациите за заштита на животната средина. Но, тим од истражувачи од Мелбур, Асвтралија пронајде решение. Тие открија дека додавањето на милиони употребени маски во мешавините за асфалтирање патишта ќе ја намали цената на патиштата, а истовремено нема да се полнат депониите.

За само еден километар пат потребни се 3 милиони мaски, а полипропилен пластиката која се користи за изработка на маските за еднократна употреба исто така ја зголемува флексибилноста и издржливоста на патиштата.


Џи Ли и другите научници од Кралскиот институт за технологија на Мелбурн и Техничкиот колеџ во Мелбурн објавија напис во научниот весник Science of the Total Environment.

Новиот композитен материјал е мешавина од околу 2% маски со рециклиран агрегат на бетон, односно материјал добиен од отпад од бетон и други минерали од срушени згради. Овој ултрарециклиран материјал е идеален за два од четирите слоеви кои се потребни за патишта. Со асфалтирање на 1 км двонасочен пат ќе се употребат 3 милиони маски и со тоа 93 тони отпад нема да стигне до депонија.

Финалниот производ е поотпорен на абење отколку нормалниот асфалт, а е и поевтин. Ли и неговиот тим направиле анализа на трошоците и откриле дека со цена од 26 долари за тон новиот материјал е дупло поевтин отколку да се ископуваат суровини и трипати поевтин отколку да се транспортираат искористените маски до депонија.

(Good News Network)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •