50 најпосетувани веб-страници во 2020 година

- Advertisement -

Tехнолошки гигант Google толку се вовлече во секојдневниот живот што луѓето веќе не пребаруваат на интернет, туку “гуглаат“. Ова е една од ултимативните победи на овој гигант, па затоа не е изненадувачки што Google доминира кога зборуваме за најпосетуваните интернет страници, пренесува Маркетинг 356.

фото: Visual Capitalist

Google кој е во сопственост на Alphabet е на првото место со својот водечки домен Google.com и има 92,5 милијарди месечни посети. Да додадеме дека Google генерира 80 проценти од своите приходи од реклами, што не е изненадувачки бидејќи станува збор за прелистувач, т.е. пребарувач. Второто место го држи YouTube, музичка платформа со 34,6 милијарди посети.

- Advertisement -

На трето место е платформата Facebook со 25,5 милијарди месечни посети, а која брои 2,7 милијарди корисници, кои поминуваат во просек околу 34 минути дневно на оваа социјална мрежа, додека 34 проценти од корисниците ја користат оваа мрежа како главен извор на сите информации, со што не може да се пофали ниту една друга социјална мрежа.

Заедно, првите три најпосетувани веб-страници бележат 152 милијарди посети на месечно ниво, надминувајќи ги следните 47 веб-страници заедно.

- Advertisement -

Податоците за овој инфографик се извлечени од страницата SimilarWeb за ноември 2020 година.

Како водечки пребарувач во Кина, Baidu е рангиран на седмото место на листата и во ноември забележа 5,6 милијарди посетители. Видео конференциите за време на пандемијата го лансираа Zoom на 15-то место, додека TikTok се најде во првите педесет и се наоѓа на 43-то место со 663,2 милиони месечни посети.

- Advertisement -

Од педесет најпосетувани страници, Microsoft поседува дури седум, вклучително и LinkedIn на 25-то место и Live.com на 16-то место. Од друга страна, Amazon  поседува пет од нив, вклучувајќи го и Twitch.tv кој се наоѓа на 32-то место.

Кина има пет водечки веб-страници: Baidu (7), QQ (34), Bilibili ( 42), TikTok (43) и AliExpress (47). QQ.com е во сопственост на Tencent, мултинационална технолошка компанија која е рангирана меѓу водечките веб-страници за вести во Кина, со повеќе од 981 милиони посети месечно.

Сподели!
- Advertisement -