Биткоин вчера достигна уште една пресвртна точка во своето постоење – вкупната пазарна вредност на оваа најпопуларна криптовалута надмина трилион долари според Coindesk.
Со дигиталната валута во петокот се тргуваше со нешто помалку од 54.000 долари, а порасна на највисоки 54.880 долари подоцна во текот на денот, наведуваат од Coin Metrics.
Цената на биткој сега порасна за околу 350% во последните шест месеци. Пред неодамнешниот пораст на цената со ова дигитално средство никогаш не се тргуваше за повеќе од 20.000 долари.
За споредба, пазарната вредност од 1 трилион долари го прави биткоин поголем од многу светски акции. На пример, Tesla има пазарна кампитализација од околу 700 милијарди долари, додека Apple се проценува на повеќе од 2 трилиони долари.
Цената на биткоин во текот на ноќта петок наспрема сабота достигна уште една граница, па во околу 2 часот наутро вредеше 56.400 долари.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)