Најголемиот светски пазар за фотоволтаици почна да го користи македонскиот иновативен софтвер на компанијата „Свифт дата“!

- Advertisement -

Колкав е потенцијалот на одредена локација да се изгради соларна централа, колкаво би било производството и колку би чинела изградбата се прашања кои го интересираат секој потенцијален инвеститор во обновливи извори на енергија. Одговор на сите прашања дава иновативното решение „Солар дата колектор“ на компанијата „Свифт дата“, кое сега е поврзано со пазарот на „SecondSol“, еден од најголемите снабдувачи на фотоволтаични производи во светот.

За сите можности кои на инвеститорите им ги нуди оваа соработка, разговараме со Александар Момироски, CEO и со Дамјан Постоловски, еден од основачите на компанијата „Свифт дата“.

- Advertisement -

Александар, кажете ни повеќе за вашето решение Солар дата колектор.

„Солар дата колектор“ е софтвер кој го разви македонската компанија „Свифт Дата“ во изминативе неколку години и паралелно го пласираше на македонскиот пазар. Во 2020 година беше лансиран и на странските пазари. Засега сме активно застапени на неколку странски пазари, а голем предизвик ни е африканскиот континет.

- Advertisement -

„Солар дата колектор“ е софтвер за изработка на прединвестициски студии за потенцијал за производство  на електрична енергија на одредена локација, мониторинг и оптимизација на веќе постоечки централи, а од претходната година достапно е предвидувањето на производство на електрична енергија врз спецификациите на конкретна фотоволтаична централа. 

Воведовте и нова можност, предвидување на производство за следните неколку дена. Што значи тоа за веќе постоечките централи?

- Advertisement -

 Предвидувањето на производство е од клучно значење за централите кои електричната енергија ја продаваат на компанија од енергетскиот сектор или слободниот пазар. Секоја држава има засебни регулативи за тоа колку може да бидат осцилациите во производството врз основа на предходно дадениот податок за очекуваното дневно производство. Доколку не се генерира капацитетот кој предходно е наведен, сопственикот на фотоволтаичната централа ќе се соочи со исплаќање на пенали или казни. Ова е веќе развиена пракса во земјите од Европската унија и регулаторните тела строго се придржуваат кон тоа. Досега прогнозирањето го прават најчесто инжинерите или надворешни експрети кои се задолжени за управување на одредена централа. Тие користат математички модели и целите пресметувања ги прават рачно. „Солар дата колектор“ им го олеснува процесот, односно самото решение во склоп на делот за мониторинг на централите го пресметува дневното производство за следните седум дена со несигурност помала од 15 отсто. Постојано работиме на подобрување на точноста на предвидувањата преку истражувања.

Дамјан Постоловски

Од годинава соработувате и со германската компанија SecondSol и нивниот пазар на компоненти. Кажете ни како почна таа соработка?

„SecondSol“ е германска компанија основана во 2010 година со цел да го дигитализира пазарот на соларната индустрија. Со околу три милиони индивидуални артикли на располагање, пазарот на „SecondSol“ е еден од најголемите снабдувачи на фотоволтаични производи во светот, а најголем во Европа. Бројот на нови производи што се нудат значително се зголеми во последните години и е во постојан раст.

Интеграцијата на „Солар дата колектор“ со „СекондСол“ е прво вакво решение во соларната индустрија. Корисниците на нашата платформа при изработката, односно дизајнот на централата, покрај техничките параметри ќе можат да изберат регионални или меѓународни производи и дистрибутери, и покрај техничката студија да ги земат предвид и цените за набавка на компоненти при пресметката, со што би добиле проширена студија. Цените на производите што се продаваат на платформата на „СекондСол“ се доста конкуренти во споредба со цените што се продаваат на македонскиот и соседните пазари. Производите може веднаш да се нарачаат од производителот или дистрибутерот, и да лесно да се оствари контакт со него.

Дополнителен бенефит за „Солар дата колектор“ ќе биде тоа што активно е биде рекламиран на платформата на „СекондСол“ и нивните клиенти што се двоумат дали да инвестираат ќе можат одлуката да ја донесат со помош на студијата што ќе ја изработат преку нашата платформа.

Какви бенефити може оваа соработка да им донесе на потенцијалните инвеститори во соларни централи?

На потенцијалните инвеститори им се намалува процесот за наоѓање на компонентите т.е деловите за изградба на централата, со тоа што тие им се прикажуваат во самото дизајнирање на централата. Да речеме дека се заинтересирани да набават панели од типот REC Solar REC250PE, по избирањето во долниот дел на програмот им се нудат цените на тој тип на панел и дополнително им се понудуваат панели со пониски или повисоки цени, но во ранг на капацитетот кој го избрале.

Ова е од големо значење да се има фазата на дизајнирање на студија за потенцијал, бидејќи чест пример е панелите да бидат продавани и по повисока цена од пазарната. Најмногу ќе им помогне на малите инвеститори, во кои ги класифицираме сите  заинтересирани за изградба на централа до 250Kwh. Оваа можност, исто така, им помага на нашите клиенти, сопственици на централи, во случај да настане некој дефект, да можат да најдат ист таков дел или еквивалентен на него. Во Македонија се чести случаите инвеститори да се откажуваат поради лошо објаснети процедури, цени кои лесно варираат, а и заради неприсуството на сите брендови на нашиот пазар. Ова ќе им овозможи да ги набават деловите од производителот или некој од официјалните дистрибутери најблиску до нив.

Каков е интересот на приватните инвеститори за вашето решение и генерално за инвестиции во соларни централи?

„Солар дата колектор“ е решение кое е наменето за сите кои сакаат да инвестираат во фотоволтаична централа, па затоа не практикуваме да ги делиме клиентите на приватни или државни инвеститори бидејќи тоа не менува ништо за нас. Во Македонија и регионот интересот за инвестиции е послаб бидејќи сите заинтересирани се соочуваат со проблеми при стартот на процедурите. Многу од нив се откажуваат на некој од првите чекори односно добивањето дозволи, несигурноста дали дозволите за работа ќе бидат издадени и др.

Поради овие причини и големината на пазарот ние решивме „Солар дата колектор“ да го пласираме во земјите каде што соларната индустрија е реална потреба, сфатена и од државите и од водечките компании на пазарот. Секако, секаде постојат исклучоци и можеме да се пофалиме со одлично завршени проекти за македонски приватни и државни инвеститори. Една од нив е и државната компанија АД ЕСМ, која пред неколку години ни беше клиент за студија за потенцијал на локација на која денес е во изградба најголемата централа во земјава. Исто така, позитивна соработка во земјава имаме со две од поголемите фотоволтаични централи во делот на мониторинг.

Решението „Солар дата колкетор“, како иновативно и сеопфатно со поголем број на можности кои ги нуди во споредба со конкурентите, е одлично прифатено на кенијскиот пазар и се направени одреден број на проекти. Полека, но сигурно, ја стекнуваме довербата за мониторирање на централи кои се изградени на бензински станици од француска нафтена компанија преку пилот проекти. Во иднина имаме поголеми планови за раст и развој конкретно на овој пазар.

Солар дата колектор веќе го пробива својот пат на странските пазари, какви се вашите планови за во иднина?

Во моментов „Солар дата колектор е достапен секаде во светот, а активно го пласираме на европскиот пазар и африканскиот пазар конкретно супсахарската област, Кенија, Јужна Африка, Брегот на Слоновата коска, Сенeгал, каде е застапен од наши партнери/овластени дистрибутери. Во Европа пласирањето го раководиме од Скопје, но во преговори сме за остварување на ново партнерство за дистрибуција.

Една од целите за годинава и за догодина ни е да се прошириме со седишта на африканскиот континет и во една европска земја односно да основаме компании кои ќе бидат водени од овдешната компанија. Планираме и надградување на платформата, во тек се истражувања врз база на кориснички барања и потреби и истите ги подредуваме по приоритет и ги ставаме во продукција. Една од карактеристиките на која се работи и ќе биде достапна е финансискиот модел за работење на централата.

Сподели!
- Advertisement -