1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Данска и Шведска воведуаат корона пасош

Kabtel desktop

Набрзо после стартот на вакцинацијата во ЕУ земјите-членки размислуваат за иднината и размислуваат да воведат повластувања за вакцинираните луѓе. Шведска досега беше позната по својот посебен начин на борба против пандемијата на корона-вирусот. Наместо затворање, како што беше случај со другите европски земји, шведските власти најпрвин сакаа да создадат т.н. имунитет на стадото.

Поради таквата политика на властите беа соочени со бројни критики. Досега според податоците на американскиот Универзитет Џон Хопкинс во Шведска се заразени 600.000 граѓани.

Сега Шведска и соседна Данска исто така одлучи за поинакво решение од сите останати и планира до налето да воведе дигитален корона-пасош. Таа дигитална потврда пред се треба да послужи како доказ за вакцинирањето против корона-вирусот. Истовремено, треба да овозможи и посета на културни или спортски манифестации, како и да овозможи слободно патување. Инфраструктурата за контрола на тој документ треба да биде подготвена до 1 јуни.

Данска уште пред Шведска го претстави тој документ кој пред се, на вработените луѓе треба да им го олесни патувањето. Корона-пасошот во Данска треба да има форма на внес на интернет-страницата на данското Министерство за здравство или во паметниот телефон на сопственикот.

Моментално во двете скандинавски земји мал број граѓани може да профитира од проектот за дигитален корона-пасош. Според податоците на онлајн платформата Our World in Data во Данска до 14 февруари беа вакцинирани 6,87% од граѓаните, а во Шведска 4,53%. Слично е и во остатокот од Европа.

(Deutsche Welle)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •