1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Вакцините против ковид-19 драстично го намалуваат бројот на хоспитализирани

Kabtel desktop

Две одделни британски студии покажале дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани лица поради ковид-19, објави денеска агенцијата АП.

Прелиминарните резултати од студијата во Шкотска покажуваат дека вакцината на Pfizer ја намалува хоспитализацијата за 85 проценти четири недели по првата доза, додека вакцината на AstraZeneca го намалува приемот во болници поради ковид-19 за 94 проценти.

Во Англија, прелиминарните податоци од студијата направена врз здравствените работници покажала дека една доза на вакцината на Фајзер ја намалува можноста за добивање коронавирус за 70 проценти, а втората за 85 проценти.

„Овој нов доказ покажува дека вакцината ве штити вас и луѓето околу вас. Важно е да се види колкава заштита обезбедува вакцината при пренесување и ние ќе продолжиме да објавуваме студии на оваа тема“, изјавил британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Извор – Канал 5 ТВ

Фото – commons.wikimedia.org

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •