14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Д-р Миријам Орон: Внесуваме револуција во лекувањето хронични болести преку кожни биомаркери

Kabtel desktop

Eксклузивно интервју за Иновативност со д-р Миријам Орон, со-основач и извршен директор на израелската иновативна стартап компанија Skintelligеnce.

Разговараше – Марија Димовска

Skintelligence e основан во 2018 година од тим на високо-обучени професионалци од различни дисциплини. Бизнис моделот на Skintelligence се основа на извлекување на физиолошки податоци од кожата на пациентот што е клучно при предвидувањето на реакција на лекови во текот на една терапија или пак повторно влошување на здраствената состојба на пациентот. Миријам Орон е Доктор по електорохемиски науки од Еврејскиот универзитет. Како научник со пост-докторски студии во полето на фармацијата и биомолекуларната медицина заедно со други 5 експерти од полето на кожни заболувања и биоинформатиката сака да ги исползи иновативни техники за набљудување на кожата во комбинација со компјутерската наука за да се подобри здравјето на пациентитте и квалитетот на нивниот живот.

Доктор Орон, вие сте еден од 5-те со-основачи на Skintelligence, компанија која користи иновативни техники за набљудување на кожата со цел да се oткријат здраствени проблеми кај пациентите и воедно да се пдобри нивното здравје?

Помошниот систем за дијагноза на Skintelligence овозможува терапија која се приспособува соодветно на секој пациент со што се намалува болниот процес на проба и грешка. Воедно нашиот помошен систем може да предвиди и повторување на болеста  со што може да се овозможи рана превенција. За време на ковид пандемијата развиваме протoтип на неинвазивна направа за набљудување од одалечина. Оваа направа може да се користи за набљудување на пациенти кои страдаат од хронични болести со ограничена мобилност. Набљудувањето на пациентети од далечина е еден од главните предизвици во медицината, како што беше во текот на 2020 кoга имавме и целосно затворање и ограничена можност да се посети доктор.  

Конкретно, како Skintelligence ја менува медицината за кожни заболувања и кожни анализи?

Skintelligence го менува постоечкиот пристап во оваа медицинска гранка на два начини. Прво, ние овозможуваме мерење на кожни биомаркери на неинвазивен начин за разлика од биопсијата која досега е вообичаен инвазивен клинички пристап. Второ, воведуваме користење на алгоритми кои вклучуваат клинички карактеристики на пациентот преку видови на кожни биомаркери како помош за донесување на одлука за третманот.

Што  е досега развиено во Skintellignece? Дали би можеле да ни објасните малку подетално за помошниот систем за дијагноза?

Го развивме помошниот систем за дијагноза со цел да ни помогне во препишувањето на биолошки лек на пациенти кои страдаат од псоријаза. Сакаме да започниме клиничко истражување за да започниме валидацијa и проверка на производ во Израел и бараме партнери кои истовремено ќе спроведат истражување во Европа.

Skintelligence користи врвни алатки на вештачка интелегенција. Собирате податоци од успешни и неуспешни биолошки терапии за хронични автоимуни заболувања.  Што можете да ни кажете за напредокот на овие истражувања?

Клинички карактеристики и кожни биомаркери се собрани од секоја болест како примероци. Нашиот тим го сочинуваат два експерти од полето на биоинформатиката кои користат статистички модели како и алатки на машинско учење (Маchine learning ML) што ги восприемаат и анализираат податоците.  Откако податоците се анализираат, се генерира модел кој ги поврзува основните карактеристики на пациентот со очекуваниот резултат од терапијата. Овој процес е всушност помошниот систем за дијагноза на Skintelligеnce.

 Преку вашето истражување на дијабетис тип 1 можевте да препознаете одредени карактеристики кај пациенти кои влијаат врз исходот од една терапија. Кажете ни повеќе за ова!


Сеуште немаме започнато со клиничко испитување на дијабетис тип 1. Моментално собираме податоци од научна литература и постоечка база на податоци. Имаме идентификувано конкретна група на пациенти кои боледуваат од Дијабетис тип 1 како и псоријаза кои реагираат различно на неколку лекови. Оваа група на пациенти е целната група на нашиот проект.

 Кои се вашите планови со оваа иновација?

Целиме да го промениме текот на лекување на хронични болести преку кожни биомаркери. Сметаме дека нашите производи ќе се од голема важност за сите чинители на здраствениот сектор, особено за пациентите кога станува збор за намалување на болките како и здраствените трошоци.  Skintelligence помага во развојот на нови лекови преку препознавање на подвидови на болести.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •