14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Од Антарктикот се одвои санта лед 20 пати поголема од Менхетен

Kabtel desktop

Огромна санта лед со површина од 1.270 квадратни километри или околу 20 пати поголема од Менхетен се одвои од Антарктикот. Ова се случува 10 години откако прв пат беше забележана пукнатина на ледената плоча Брант.

Ваквото одвојување на ледените плочи се вообичаен дел од циклусот на поларните плочи и засега нема докази дека на оваа појава влијаеле климатските промени, соопштија истражувачи од Британскиот центар за набљудување на Антарктикот.

Истражувачката станица Хејли, која се наоѓа на таа ледена плоча, нема да биде погодена од одвојувањето затоа што ја поместија локацијата пред неколку години затоа што го очекуваа одвојувањето.

Тим од 12 луѓе ја напушти оваа локација на средината на феруари затоа што станицата е затворена во текот на зимата, кога е целосен мрак, а температурата е под 50 степени Целзиусови.

Секојдневно ја надгледуваме ледената плоча користејќи автоматска мрежа на високо прецизни GPS инструменти кои ја опркужуваат станицата. Тие мерат како се деформира и се движи ледената плоча“ вели професорката Џејн Франсис, директорка на центарот.

Таа вели дека одвоениот леден брег сега може да се движи во кој било правец. „Наредните недели или месеци оваа плоча може да се придвижи или да се насука и да остане во близина на плочата Брант“ вели професорката.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •