4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Апел од Азески до Заев и Михалос: Да се обезбеди непречено одвивање на товарниот сообраќај и транспорт кон Солунското пристаниште

Kabtel desktop

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески упати апел до премиерот Зоран Заев и до претседателот на Унијата на грчките комори, Константинос Михалос – врвен приоритет да остане прашањето за обезбедување непречено движење на транспортните работници, независно од мерките што се воведуваат за спречување на КОВИД.

Ви писмените дописи до Заев и Михалос, Азески предупредува дека ограничувањето на вкупниот број лица на кои им е дозволено да ја поминат границата, вкупно 400, во кое се вклучени и професионалните возачи, ќе значи целосно запирање на размената меѓу двете држави во следните 15 дена.

Според него, податоците од теренот укажуваат дека веќе се резервирани дневните ограничувања за влез во Грција речиси до крајот на март, што ќе предизвика несогледливи последици за нашите економии.

-Воведените мерки кои од 1.3.2021 година се применуваат на граничниот премин „Мала Богородица – Евзони“ значително го отежнуваат нормалното функционирање на македонското стопанство, имајќи во вид дека солунското пристаниште е една од главните транзитни дестинации за македонскиот извоз. За македонските компании, солунското пристаниште има првостепено значење, како пристаниште кое е природен пат за пристигнување на стоката наменета за нашата земја и кое поради близината има пониски транспортни трошоци за превоз во однос на другите пристаништа во соседните земји, посочува Азески.

Годишно, преку Sолунското пристаниште минуваат речиси еден милион тони стока наменети за РСМ или од неа и транзитираат најмалку 25.000 контејнери изразени во TEU-единици.

-Изминатите денови воведените мерки од грчките власти (кои вклучуваат: максимален проток на 400 лица дневно, бројка која ги вклучува и лицата кои транзитираат преку територијата на РСМ, скратување на работните часови од 7 до 19 часот, како и воведување задолжителна обврска за брзи тестови, вклучувајќи ги и возачите на камионите) доведоа до исклучително комплицирани ситуации и до големи одложувања во транспортот на стоки, наведува претседателот на Комората.

Тој порачува дека транспортот на стоки, како крвоток на секоја економија, не смее да запре и мора да се одвива во сите услови.

-Токму фактот што во внатрешноста на кабините возачите може да останат безбедни од ризикот на ширење на болеста и потребата да се гарантира непречен проток на стоки во исклучително тешките услови во кои функционира европската економија речиси цела година беа причина професионалните возачи уште од почетокот да добијат посебен третман од националните власти. За времетраење на пандемијата, почнувајќи од март 2020 година, професионалните возачи беа изземени од сите ограничувачки мерки и таков пристап треба да продолжи да се применува спрема оваа категорија и во иднина, истакнува Азески и упати повик до македонските власти и до грчките колеги, да се заложат кај грчките власти за што побрзо надминување на овој проблем и за обезбедување непречен проток на товарниот сообраќај.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •