20 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Скопје доби парк со клупи што мерат квалитет на воздух и се напојуваат од сончева енергија!

Kabtel desktop

Три паркови со паметни клупи кои имаат сензори за мерење на квалитетот на воздух, се напојуваат од сончевата енергија и имаат бесплатен вифи интернет денеска беа официјално претставени во центарот на Скопје, како дел од проектот „Еко иновативни зони за почист воздух”.

На отворањето на првата еко зона која се наоѓа на „8 Ударна Бригада 2″ присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.

„Сметам дека направивме три многу убави еколошки катчиња во Скопје, со тоа придонесуваме и како Министерство за подобар амбиентален воздух“, изјави Милевски.

Инсталациите се финансиски поддржани од Швајцарската амбасада преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој по иницијатива на граѓанската организација Гоу Грин.

Оттаму се обрати Горјан Нацевски кој нагласи дека целта на проектот била да создадат еко иновација со која ќе допрат посебно до младите луѓе во централното градско подрачје и ќе покажат дека има начин како може да се користи обновлива енергија за секојдневните активности.

„Овие клупи користат сончева енергија, покажуваат информации за квалитет на воздухот, што е многу важно за нашиот град и една од главните цели на Гоу Грин. За овој проект да добие уште подобар изглед се погрижи Фондот на холокаустот на Евреите кои донираа 20 дрвја од типот јапонска цреша кои очекуваме кога и да е да расцветаат и тогаш улицата да добие комплетен изглед“, рече Нацевски.

Проектот е со вкупен буџет од 3.360.600 денари од кои 2.160.000 денари биле обезбедени преку Министерство за локална управа и Швајцарската амбасада.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •