Хотелот Voyager Staation ќе биде најголемиот објект во вселената изграден од човечка рака

- Advertisement -

После годината кога многу хотели во светот беа затворени, а и денес многу хотели не работат затоа што луѓето не ги напуштаат границите на своите земји, изгледа неверојатно дека се во тек подготовките за изградба на хотел во вселената. Но, животот мора да продолжи и се надеваме дека корона вирусот наскоро ќе стане минато и ќе можеме да се вратиме на старата нормала. За компанијата Orbital Assembly Corporation (OAC) тоа враќање на нормалата значи извршување на плановите кои се направени уште многу одамна пред пандемијата, а тие планови вклучуваат изградба на вселенски хотел.

Почетокот на изградбата е планиран за 2025 година и треба да трае околу две години. Ако се оди според план, во 2027 година тој хотел сместен во ниската орбита на Земјата ќе почне со работа и ќе биде најголемиот објект во вселената изграден од човечка рака. По опременоста Voyager Station ќе изгледа како лускузен хотел или мал крузер и ќе има соби за сместување на околу 400 гости, ресторани, спа центар и кино-сали, како и се разбира најубавиот поглед не само во светот, туку и во вселената.

- Advertisement -

Хотелот ќе биде направен како голема ротирачка станица со чие ротирање ќе се создава вештачка гравитација. Ротирачката вселенска станица од надворешната страна ќе има посебни каспули кои ќе се користат за вселенски истражувања. Планот е таквите капсули да се продадат на компании како SpaceX или на НАСА,но може да ги купат или да ги најмат и поединци со подлабок џеб. Уште не е познато колку ќе чини изградбата на Voyager Station, а не се објавени ни цените за ноќевање во вселенскиот хотел.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -