14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Според индексот на Херитиџ, Северна Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи

Kabtel desktop

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на Xеритиџ фондацијата. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот.

Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Северна Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени, првенствено, како што велат од Херитиџ, поради падот на трговските слободи.

Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место. Македонија е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа.

-Рангирањето на Северна Македонија спаѓа во категоријата „умерено слободна“ оваа година. За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути, се вели во извештајот на „Херитиџ“.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •