24 изуми кои не сте знаеле дека ги изумиле жени (1 дел)

- Advertisement -


Од колачите со парчиња чоколадо до играта монопол, жените-иноватори ретко се споменуваат. Најчесто слушаме за иновации кои се дело на машкиот пол. Сепак, иако систематски се игнорирале со векови, жените имаат голем придонес со многу иновации кои секојдневно се користат и ден-денес. Во продолжение ќе прочитате за некои од најбрилијантните иновации на жени кои не сте знаеле дека ги изумиле припаднички на нежниот пол.

1.Бришачите за кола ги измислила Мери Андерсон

- Advertisement -
(извор: Wikipedia)

Aвтомобилската индустрија треба да и оддаде признание на Мери за оваа нејзина иновација. Таа самата не возела автомобил, но при една посета во Њујорк се возела во такси на снежен ден и забележала дека возачите морале постојано да посегнуваат надвор и да го бришат снегот од шофершајбната. Поради тоа имало застој во сообраќајот. Таа се запрашала што кога би имало еден вид на уред кој ќе го брише стаклото за возачот да не мора да излегува од автомобилот. Така, во 1903 таа го патентирала својот дизајн за бришачи за автомобил. На почеток луѓето биле скептични и мислеле дека ќе го деконцентрираат возачот, но со тек на време бришачите станале стандарден елемент во секој автомобил. Андерсон никогаш не добила пари за својот изум и дури во 2011 година и било оддадено признание и станала дел од Салата на славните иноватори.

2. Геобонд, огноотпорен материјал кој го измислила Патрисија Билингс

- Advertisement -
(извор: Wikipedia)

Патрисија е скулптор, иноватор и бизнисмен. Таак го измислила геобонд, градежниот материјал кој е огноотпорен и речиси неуништлив. Билингс студирала уметност и специјализирала малтер во Париз. Во доцните 70-ти години една од нејзините скулптури паднала и се скршила, па затоа почнала да експериментира во својот подрум. Осум години подоцна таа измислила адитив кој кога ќе се помеша со гипсот и бетонот создава многу цврст, нетоксичен, огноотпорен малтер. Билингс поднела два патенти, но целосниот рецепт за геобонд го задржала за себе.

3.Foxfibre-првиот природно обоен памук со долго влакно го измисли Сели Фокс

- Advertisement -
(извор: Facebook)

Фокс е одгледувач на памук која одгледува природно обоени врсти на памук. Таа е изумител на FoxFibre, кој се смета за првиот вид на природно обоен памук со долго влакно кој може да се ткае во конец на машина. Природно обоениот памук постои со векови во природата, а Fox може да се исткае во различни видови текстил (вклучувајќи и тексас) и значително да го намали загадувањето кое се создава со бојадисувањето на текстилот.

4.Течна хартија измислена од Бети Несмит Греам

(фото: Facebook)

Бидејќи електричните машини за пишување се појавиле после Втората светска војна, Бети Несмит Греам и мнoгу други секретарки имале голем проблем – со новите машини пишувањето било полесно, но поради карбонската боја било речиси невозможно да се избрише напишаното со гума. Греам барала решение за проблемот и го нашла гледајќи како молери ги декорираат прозорците на блиската банка за празниците. Тие ги покриле сите несовршености со дополнителен слој. Грема ја ископирала нивната техника и искористила бела темперна боја за покривање на грешките во пишувањето. Наскоро почнала да добива многу барања за она што првично го нарекла Mistake Out и целосно се посветила на производство и пакување на својот изум. Греам продолжила да ја подобрува формулата и производот го преименувала во Liquid Paper (течна хартија) во 1958 година.

5.Уреди за ракување со животни измислени од д-р Мери Темпл Грандин

(извор: Wikimedia)

Д-р Грандин станала позната по својата работа со луѓе со аутизам и поради нејзината работа со однесувањето на животните. Таа работела на хумани начини за носење на животните до кланиците. Денес нејзините изуми се користат во кланици ширум Америка и во светот.

6.Хартиени кеси со рамен двор изумени од Маргарет Најт

(извор: Facebook)

Маргарет Најт е самоук инженер која на возраст од 13 години направила систем кој работниците што работат во мелници ги штити од сериозни повреди. Додека работела во компанијата Columbia Paper Bag во Спрингфилд, Масачусетс, таа развила автоматски механизам за диплење на хартиените кеси, што дотогаш се правело рачно. Поднела барање за патент, но се соочила со проблеми кога човек по име Чарлс Анан и ја украл идејата. Сепак, успешно се изборила за својата идеја и ја добила тужбата против него и и го одобриле патентот.

7.Кевлар е изум на Стефани Кволек

(извор: Facebook)

Стефани Луис Кволек е американски хемичар која работела во компанијата DuPont и таму го открила првиот од цело семејство синтетички влакна со неверојатна цврстина – полипарафенилен терефталамид. Додека работела со тие влакна таа ги измислила кевлар, многу цврсти, лесни и огноотпорни влакна.

8. Лилиан Гилбрет, економски пионер

(извор: Facebook)

Гилбрет е позната по својата работа на полето на ергономијата, вклучувајќи ги и нејзините идеи за поставување полици во фрижидерот за да биде поефикасен. Таа ги направила и отворачите на конзерви да бидат попрактични, а го измислила и механизмот за отворање на корпите за отпадоци со нога.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -