4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Интервју со Офер Лидски, израелски претприемач кој разви иновација за подобaр фокус и внимание!

Kabtel desktop

Офер Лидски e израелски сериски претприемач со 30 годишно искуство во развој на софтверски апликации во полето на генетиката, дигиталното здравје, анализа на мозочни сигнали, виртуелна реалност и информатичка безбедност. Во разговор за Иновативност тој го споделува неговото претприемничко искуство и страст за иновации и креативност.

Разговараше – Марија Димовска

Вие сте искусен претприемач со низа успешни стартапи како TerraSafe, DNAtix, а од 2015 сте и извршен директор на Excellent Brain. Кај сите овие стартапи и бизнис идеи ги имате вбризгано иновативноста заедно со технологијата. Од каде произлегуваат оваа страст и интерес за технолошки иновации?

Страста и интересот за иновации ги имам уште од мала возраст. Бев навистина многу љубопитен како дете. Како мал почнав да изучувам наука, технологија и универзумот. На 12 годишна возраст се вработив прв пат во компјутерска компанија.

Мислам дека уште на рана возраст бев љубопитен за претприемништвото. Денес на 47-годишна возраст како искусен самоук претприемач имам длабоко познавање во полињата кои јас ги има избрано да ги проучувам. Сега дури и предавам на универзитет за сфери за кои јас сум експерт.

Што се однесува до стартапите се започнува со инспирација и со идеја, но завршува со посветеност и напорна работа. Помеѓу овие две точки треба да имате мотивација. Потребни се инспирација, мотивација и посветеност за да успеете. Кога го работите она што го сакате и тоа произлегува од длабоката страст работите кои можете да ги остварите немаат граници.

Секогаш запомнете дека тимовите ги сочинуваат луѓе. Компаниите се направени од луѓе и затоа потрудете се исклучителни луѓе да станат дел од вашето патување.

Вашиот стартап Excellent Brain се заснова врз невроповратна процена што има направено огромен исчекор напред при надминувањето на проблемите со учење кај деца со намален фокус на внимание. Како технологијата на невроповратна процена им помага не само на децата, туку и на возрасните кои го тренираат помнењето и мозокот?

Кога се запознав со неврофидбек (невроповратната процена) за прв пат бев вчудовиден и тогаш сметав дека ова е нешто што треба да биде достапно. Неврофидбек постои веќе 40 години но повеќето луѓе немаат слушнато и не знаат како работи и функционира. Моја мисија е да го направам неврофидбекот достапен за сите.

Неврофидбек е научно метода на тренирање на мозокот што применува EEG сензори кои ја мерат мозочната активност во реално време и воедно дава повратна информација кога оној кој е обучуван правилно работи во текот на обуката. Ова креира процес на учење каде луѓето кои ја користат оваа технологија може да ги регулираат мозочните бранови на соодветно ниво кои води до позитивни резултати во реалност.

Може ли да ни објасните малку повеќе за програмата за тренирање на Excellent Brain и како оваа програма ги промена и револуционизира училиштата и образованието?

Пакетот за домашна обука за подобрување на вниманието на Excellent Brain овозможува дома да се тренира фокусот на внимание со користење на неврофидбек (невроповратна информација). Тоа што обуката може да се прави во домашни услови т.е. неврофидбек тренинг програмата со помош на ЕЕG сензор да се прави дома е одлично.

Една обука се состои од 30 сесии кои ги спроведувате два пати или три пати неделно (ни помалку ни повеќе) и ќе ви се потребни 15 недели за да ја завршите програмата. Секоја сесија трае околу 20 минути и се состои од 10 кратки двоминутни тренинг обуки.

Кога ја правите мозочната тренинг активност, ја користите способноста за внимание да играте игра само со вашиот мозок. На пример возите кола со тоа што се концентрирате и колку повеќе се концентрирате колата ќе се движи подобро и така ќе освоите повеќе поени.

Имате зборувано за интегритетот како клучен сегмент при процесот на оформување во еден претприемачки лидер. Кој совет би им го дале на идните генерации претприемачи во однос на применување на одреден претприемачки начин на размислување како и важноста на интегритетот при создавањето на бизнис?

Ништо не функционира без интегритет. Секој што сака да постигне резултати во она што го работи, треба да го стави интегритетот на највисоко ниво. Кога работите со интегритет работите функционираат на подобар начин. Кога постојано работите да се подобрите и да бидете личност со интегритет, лесно ќе сфатите дека тоа е правилниот начин на кој треба да ги спроведувате работите во животот. Доследноста е една од најважните карактеристики кои една личност може да ги има.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •