5.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Фајнанс Тинк бара државничка одговорност од политичарите за брзо донесување на петтиот економски пакет

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

 Фајнанс тинк (ФТ) апелира до политичките чинители за поголема конструктивност и одговорност на опозицијата, но и за државничка одговорност и респонзивност на власта, со цел итно и неодложно да се изнајде компромисно решение со кое парламентарната блокада ќе биде отстранета и ќе се донесе петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од коронакризата.

– Апелираме политичките чинители да заземат заемно-одговорен однос, со цел да не страда вкупната економија и живеачката на граѓаните, и блокадата да ја разрешат низ транспарентен дијалог во рамки на институциите, посочуваат од ФТ.

Во таа смисла, додаваат, задоцнетата реализација или нереализацијата на економските мерки за справување со последиците од коронакризата носи висок ризик од дополнително забавување на економската активност, што ќе се рефлектира врз остварување раст значајно понизок од проектираниот.

-Ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги, порачуваат од ФТ.

На почетокот на март ФТ ја коригираше проекцијата за раст на економијата во 2021 година на 4,1 процент, со нагласени ризици за нејзино понатамошно влошување.

-Веќе во текот на март забележуваме материјализација на овие ризици, односно избувнувањето на третиот бран од коронавирусот Ковид-19, продолжената неизвесност околу пристигнувањето на вакцините и отпочнувањето на процесот на масовна имунизација. На овие два ризици, во моментот интензивно се наметнува политички ризик кој произлегува од блокадата на работата на Собранието со исклучителна важност и последици врз економијата и животот на граѓаните, велат од ФТ.

Нагласуваат дека помина повеќе од еден месец од објавувањето на петтиот пакет мерки и има целосна неизвесност околу неговото имплементирање.

-Клучната мерка во овој пакет останува финансиската помош на фирмите во износ од најмалку 14.500 денари по работно место. Според нашите проценки, во првиот бран (април-јуни 2020), оваа мерка спаси околу 60.000 работни места од вкупно 75.000 кои беа на раб да бидат изгубени. Дополнително, пакетот содржи мерки кои треба да обезбедат побрза транзиција од санирање на социјалните последици од кризата кон поддршка на развојот во процесот на закрепнување и поддршка на основите на растот, посочуваат од ФТ

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!