20 C
Skopje
недела, април 11, 2021

ММФ ги подигна прогнозите за глобален економски раст

Kabtel desktop

Светската економија поттикната од силниот раст на американскотo стопанство ќе забележи раст од 0,6% годинава, што е за 0,5 процентни поени повеќе отколку што прогнозираше во јануари годинава, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

ММФ го ревидираше на повеќе и растот на светскиот бруто домашен производ за 2022 година, кој како што наведоа ќе биде 4,4%, односно за 0,2 процентни поени повеќе отколку при прогнозите во јануари.

За САД, каде што имаше повеќе програми за поттикнување на растот, се предвидува раст од 6,4%, односно 1,3 процентни поени отколку во јануари.

„И покрај големата неизвесност околу развојот на пандемијата, се појасно го гледаме излезот од оваа здравствена и економска криза“ изјави Грета Гопинат, главна економистка на ММФ при претставувањето на ново априлско издание на „Глобални економски изгледи 2021“.

MMФ блааго ја покачи својата прогноза за раст во еврозоната на 4,4%. Тоа е за 0,2 процентни поени повеќе отколку во јануари. Сепак, има голема разлика меѓу еврозоната и САД во однос на тоа кој побрзо ќе излезе од пандемијата благодарение на брзата вакцинација и новите пакети помош за американската економија во вредност од 1.900 милијарди долари.

Британија, која на почетокот на јануари го напушти единствениот ев ропски пазар, побрзо ќе закрепне од ЕУ благодарение на брзата масовна вакцинација. Британскиот БДП треба дасе згфолеми за 5,3% годинава, што е за 0,8 процентни поени отколку јануарската прогноза.

Кинеската економија, пак, веќе го достигна своето ниво од пред пандемијата, САД треба да го достигне тоа ниво во текот на годинава, додека еврозоната и Велика Британија годинава ќе останат под нивоата од крајот на 2019 година и така ќе остане до 2022 година, оцени ММФ.

(Bizlife)

(фото: Piqsels)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •