14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Јапонци направија машина која плете цели блузи и панталони

Kabtel desktop

Оваа јапонска машина плете цели парчиња облека одеднаш. Со тој процес се намалува отпадот кој се создава за дури 30% и може да помогне да се намалат штетните ефекти на текстилната индустрија врз животната средина.

Машината е посебна по тоа што плете тридимензионално и прави облека без видливи рабови и без никакво шиење и составување делови. Исто така, се намалува и отпадот при дизајнирањето облека затоа што се дизајнира со користење 3Д модели наместо да се користат физички прототипови.

Традиционалното производство на облека вклучува шиење и составување на различни делови од облеката. Тие делови од облеката се сечат од големо парче материјал, а остатокот од материјалот не може да се користи и завршува во отпад.

Машината Shima Seiki не користи повеќе материјал отколку што е потребно. Меѓу брендовите кои ја користат оваа машина се јапонската компанија Uniqlo и H&M.

Модната индустрија мора во најбрзо време да стане поодржлива затоа што генерира 10% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. Секоја секунда од денот се фрла доволно отпад од облека за да се наполни цел камион, додека 12% од материјалите за облека се фрлаат уште во процесот на производство.

(World Economic Forum)

(фото: Shima Seiki)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •