19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Гевгелиска компанија ќе произведува еко плочки од отпадна пластика

Kabtel desktop

Здружението ,,Еко Лајф“ од Гевгелија стана дел од проектот за намалување на отпадна пластика на територијата на општина Гевгелија откако потпиша договор за производство на еко плочки за надворешно уредување.

Проектот за производтво на еко плочки од отпадна ПЕТ пластика во наредните 14 месеци ќе биде финансиран од Глобалниот еколошки фонд,а ќе се спроведе во партнерство со компанијата за собирање отпад ,,Близнак Ком,, од Гевгелија.

–Големо задоволство ни претставува што,паралелно со уште една компанија од Кочани,за прв пат во нашата земја ќе имаме можност да произведуваме еко плочки од отпадна ПЕТ пластика кои на пазарот ќе излегуваат како веќе сертифициран производ,велат од гевгелиската компанија и здружението ,,Еко Лајф,,.

Глобалниот еколошки фонд споменатиот проект ќе го финансира преку Програмата за мали грантови на Република Северна Македонија. им/

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •