Xiaomi подготвува смартфон со камера со резолуција од дури 200 MP

- Advertisement -

Откако пред две години беше пробиена границата од 100 MP на камери за мобилни телефони, изгледа дека годинава можеме да го олекуваме првиот телефон со камера чија резолуција ќе изнесува дури 200 MP. На интернет претходно се појавуваа информации дека Samsung работи на првиот таков сензор, а сега страницата PocketNow објави дека првиот телефон со таква резолуција од 200 MP треба да го претстави Xiaomi.

Максималната резолуција на телефоните досега е 108 MP и такви телефони претставија Samsung, Xiaomi и други компании. Иако на почетокот таквите камери беа резервирани за топ модели, денес се достапни и на телефони од пониска категорија и по пониски цени како што е Redmi Note 10 Pro. Изгледа дека истото важи и за новиот сензор со упте поголема резолуција. Имено, со оглед на тоа дека Qualcomm Snapdragon 870 е наменет за телефони од средна категорија и поддржува камери со резолуција поголема од 200 MP, може да се очекува и дека сензорот на Samsung ќе се појави во поевтини телефони.

- Advertisement -

Сепак, барем на почеток, речиси е сигурно дека камерите со резолуција од 200 MP ќе бидат резервирани за топ моделите и можеме да очекуваме освен Xiaomi и идната генерација на Samsung телефони да имаат такви камери.

(PocketNow)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -