19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Филип Крстевски: Знаењето стекнато на Сеавус Академија ме доведе до посакуваното работно место!

Kabtel desktop

Интервју со Филип Крстевски, кој неодамна ја заврши Академијата за софтвер тестер на Seavus Education and Development Center. Тој живее и работи во Германија од каде што ја следеше Академијата, а во интервју за Иновативност го раскажува своето искуство.

Разговараше – Верица Јорданова

Зошто ја избравте академијата на Сеавус за Софтвер тестер?

За академијата на СЕДЦ дознав од задоволни студенти, кои несебично ми ги пренесоа нивните позитивни искуства во врска со начинот и посветеноста на кои менторите/предавачите ги одржувале предвидените наставни програми, но и фактот дека по успешното завршување на академијата за краток временски период ја нашле посакуваната работа. Би сакал да напоменам и дека го познавав менторот од професионален аспект уште пред  да се запишам на Академијата и неговата силна посветеност кон работата и трудот за оваа професија да се развива понатаму, за мене претставуваше само дополнителен мотив.

Кога станува збор за изборот на Академијата за Софтвер тестер, пред да ја одберам направив добро истражување, односно дали и колку е барана таа професија на пазарот, колку е долг процесот на изучување и за колку време би можел реално да бидам спремен да почнам да работам. Согласно добиените податоците, веднаш и без размислување се одлучив токму за оваа академија. Оваа професија во моментот е доста барана и брзо се учат основите, секако со потребната посветеност, фокус и труд. Една од предностите беше и можноста за онлајн настава, која е исклучително важна имајќи ги предвид актуелните услови предизвикани од пандемијата КОВИД-19.

Какви беа вашите предзнаења?

Пред да се одлучам за Академијата немав никакви технички предзнаење за позицијата како софтвер тестер. Концептот на програмата е да биде достапна за сите кои претходно немаат предзнаења и доаѓаат од различни сфери, професии или сакаат дополнителна специјализација по завршени студии во областа на ИТ.

Како течеше наставната програма и соработката со менторите?

Наставната програма беше поделена на два дела, теоретски и практичен. Поголемиот дел од наставата беше практичен, кој што ценам дека е многу поважен за да се обучи еден кандидат и да може да почне со работа што побрзо. Претставени ни беа алатки кои се наменети за софтвер тестери и често се користат во компаниите, како и методите кои се применуваат за да се реализираат секојдневните задачи. Во текот на програмата се работеше на реални проекти кои што сметам многу помагаат за да се разбере целосната суштина, што и како функционира. Од страна на менторите добивавме вежби за да го повториме изучениот материјал, а воедно и да имаме континуитет и мотив да се држиме во чекор со наставата. Соработката со менторите беше на високо ниво, која се карактеризираше пред се со професионален, но и пријателски однос. Секогаш спремни да одговорат на поставените прашања, да ја образложат и објаснат тематиката преку практични примери од нивното долгогодишно професионално искуства во оваа сфера.

Каде сте денес и што работите? Ги применувате ли во пракса стекнатите знаења?

Во моментот живеам и престојувам во Келн, Германија. Работам како Софтвер Тестер во стартап компанија којa има изработено мобилна апликација и има повеќе од 100.000 корисници. Мисијата на компанијата е да се стимулираат граѓаните на Германија почесто да ги користат велосипедите преку иновативни предизвици.

Примената на стекнатото знаење започна од првиот работен ден. Пред се алатките ми беа добро познати, методите кои ги учевме се применуваат и секојдневно се водиме по нив. Притоа немаше дополнителна потреба за објаснување од страна на колегите, како се користат и за што служат алатките со тоа што од првата недела почнав со нивна примена и успешно извршување на зададените задачи.

Дали од денешна перспектива сметате дека донесовте добра одлука?

Сигурен сум дека донесов огромна и правилна одлука за тоа каде сакам да бидам и во која сфера сакам да се развивам. Искрено се чудам како не сум ја донел порано оваа одлука, но како и да е “Се во свое време”.

Како се ценат знаењата стекнати кај нас надвор? 
Во оваа бранша се цени знаењето. Независно каде е стекнато тоа знаење. Според моето лично искуство, знаењето кое го стекнав на Софтвер Тестер на Академијата на СЕДЦ беше доволно ценето за да можам да влезам во светот на ИТ (и надвор од Македонија).

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •