13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Самсунг се врати на водечката позиција како најголем производител на паметни телефони

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Јужнокорејската Самсунг електроникс го презеде тронот од „Епл“ и се врати како најголем светски производител на паметни телефони, со удел од една петина од вкупната глобална продажба во првиот квартал од 2021 година, соопшти фирмата за истражување на пазарот Каналис.

Кинеската компанија Сјаоми, исто така, оствари најдобри квартални перформанси досега, со раст од 62 проценти на испорачани 49 милиони мобилни телефони и удел на пазарот од 14 проценти, достигнувајќи ја третата позиција зад Самсунг и Епл.

Генерално, глобалната продажба на паметни телефони во првите три месеци порасна за 27 проценти, на 347 милиони единици, бидејќи отворањето на кинеската економија по пандемијата и забрзувањето на вакцинациите во САД ги зголеми надежите за економско закрепнување.

Самсунг испорачал 76,5 милиони паметни телефони во периодот јануари-март и се стекнал со 22 проценти удел на пазарот, се вели во извештајот на Каналис.

Јужнокорејскиот технолошки гигант денеска соопшти и дека остварил квартален раст на профитот од 66 проценти во секторот за мобилни телефони, благодарение на силната продажба на водечката серија паметни телефони Галакси С21.

Според Каналис, Епл во првиот квартал испорача 52,4 милиони iPhone телефони, паѓајќи на второто место со 15-процентен удел на пазарот.

(МИА)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!