19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Оваа играчка конзола ја собира во џеб, а ви нуди ретро забава

Kabtel desktop

Многумина луѓе кога им е досадно посегнуваат по својот телефон и играат мобилни игри. Но, тоа значи брзо празнење на батеријата на телефонот. За да го решат проблемот со досадата, а истовремено да ги ослободат смартфоните од дополнително оптоварување, компанијата Funkey Project осмислија минијатурна играчка конзола Keymu. Конзолата е голема колку кутија кибрит, ја собира во џеб и или може да се стави на клучеви и да се носи секаде со себе.

Сензорот детектира кога конзолата е отворена и автоматски ја вклучува, а кога ќе се затвори се зачувуваат постигнатите резултати. Во понудата има ретрo игри кои одушевија милиони луѓе како што се NES, SNES, Gameboy, Gameboy Colour, Gameboy advance, Sega Master System, Sega Genesis M, Sega Game Gear, Playstation 1 и Atari Lynx.

Со оглед на тоа дека игрите се прилично едноставни и мали, меморијата од максимум 128GB на SD картичка ќе биде и повеќе од доволна за десетици или стотици игри.

За сите кои се интересираат за техничките спецификации, FunKey S има ARM Cortex-A7 процесор на 1,2 GHz, има 64 MB RAM и користи SD картичка за дополнително складирање. Екранот има 1,52 инчи, а батеријата е од 410 и обезбедува до 2 часа играње. Како изгледа играњето на оваа минијатурна конзола можете да видите од видеото во прилог.

(Zimo)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •