19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Индустриското производство во март со раст, за првите три месеци забележан пад

Kabtel desktop

Индустриското производство во март годинава, во однос на истиот месец лани, бележи раст од 7,6 отсто, а за првите три месеци годинава во однос на првиот лански квартал, пад од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во март 2021 година во однос на март 2020 година, бележи опаѓање од 2,3  отсто, во преработувачката индустрија бележи пораст од 6,2 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 31 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство кај прехранбени производи, текстил,  хемикалии и хемиски производи, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 20,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,6 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 1,9 отсто, капитални производи за 0,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 отсто.

Фото – Pixnio

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •