19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Масовната вакцинација во земјава ќе се одвива во шест големи вакцинални пунктови

Kabtel desktop

Од денеска  се очекува да почне масовната вакцинација со 200.000 кинески вакцини кои пристигнаа во петокот во земјава.

Овие вакцини, што се веќе пакувани во шприцеви и спремни за апликација ќе бидат распределни во големите вакцинални пунктови во сите шест градови во држава и во Скопје согласно бројот на пријавени  граѓани според возраста по градови, односно по региони, вакцинацијата  ќе започне во вторник.  Пунктовите се веќе спремни, луѓето се координираа, станува збор за здравствен кадар не само во тие градови, туку и  од околните кои ќе помагаат. Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10 000 и  15 000 илјади“, најави министерот за здравство.

Филипче апелираше граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука ќе се генерираат приоритетите. Пријавените ќе добијат или СМС порака или мејл или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време.

По пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот има најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Фото – Freeepik

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •