14 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Bee-saving paper – хартија која е енергетски пијалак за пчелите

Kabtel desktop

Оваа хартија помага да се спасат пчелите од истребување. Таа ги храни и им помага да преживеат. Bee_saving_paper е направена од леимонова трева и глукоза, која делува како енергетски пијалак за пчелите, а посебниот дизајн им сигнализира на опрашувачите да дојдат и да јадат. Исто така, содржи и семиња од растенија од кои пчелите собираат нектар, па кога ќе се фрли хартијата таа се распаѓа и од семињата никнуваат нови растенија.

Хартијата е прошарана со црвени точки кои се видливи само за пчелите. Тој дезен им наликува на цветна ливада полна со полен и веднаш ги привлекува овие најбитни опрашувачи на планетата.

Од хартијата може да се прават кутии, картички и хартија за виткање, а поради ниските цени е одлична алтернатива за штетните пластични производи. Приказната зад Bee Saving Paper почнува многу порано од проектот. Тоа е приказна на еден од основачите.

Уште како дете сакав да спасувам бубачки и други мали суштества кои ќе ги видев во парковите во мојот роден град. Пред неколку години забележав дека се повеќе пчели паѓаат на земја. Многу од нив беа мртви, а другите се бореа да преживеат. Се што можев да направам тогаш е да ги тргнам настрана за никој да не ги згази. Тоа сознание ме натера да се запрашам дали може да направам нешто друго за да ги спасам пчелите. Почнав да пребарувам по интернет и открив дека можеме да ги спасиме пчелите ако им даваме капки шеќер со вода. Тоа ќе им даде сила и ќе можат да летаат подалеку. Така ми дојде идејата да правам „слатка“ хартија со шеќер“ вели Ана Гадецка, еден од основачите.

Сепак, дури и со ваквите иновативни решенија пчелите се во опасност од истребување поради постојаната употреба на пестициди, поради инфраструктурата и загадувањето.

(WasteEd)

(фото: BeeSavingPaper)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •