12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Ламба која добива енергија од солена вода или урина ќе го смени животот во најсиромашните земји

Kabtel desktop

Според Светската здравствена организација, најмалку 840 милиони луѓе во светот немаат пристап до електрична енергија. За сите тие луѓе проблемите почнуваат штом ќе зајде сонцето.

Рибарите не можат да ловат риби ноќе, децата мора да ја пишуваат домашната работа на свеќа која може да предизвика пожар или да користат ламби на плин, кои се еден од најчестите причинители на смрт во неразвиените земји. Уметниците не можат да ги довршат своите дела и да ги испратат до купувачите. А најбитно од се е што немаат пристап до помош во итни случаи.

Тоа беше така се досега. Ви ја претставуваме Waterlight, ламба која се напојува со енергија од солена вода или урина. Заедно со Е-Dina, компанија која произведува уреди кои користат обновлива енергија, креативната агенција Wunderman Thompson создаде уред кој произведува енергија со јонизација, каде што електролит добиен од солена вода предизвикува реакција, а тоа го трансформира магнезиумот во ламбата во електрична енергија.

Преносниот уред функционира како мини-генератор. Ламбата се полни со 500 мл вода, а солта од водата реагира со магнезиумот и бакарните плочки поставени внатре и се добива електрична енергија. Ламбата емитува светлина до 45 дена и може да се користи и за полнење на батеријата на мобилен телефон или друг уред преку USB.

WaterLight патентираше метод кој, како што велат, е првиот кој ги пролонгира ефектите на јонизацијата и овозможува ламбата да произведува електрицитет и светлина подолг период.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!