19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Fiat до 2030 година ќе произведува само електрични возила

Kabtel desktop

Fiat е последниoт производител на автомобили кој најави целосен премин кон електрични возила до 2030 година. Компанијата планира да ги исфрли од производство автомобилите со мотори со внатрешно согорување од 2025 година натаму.

Наша должност е што побрзо да пласираме електрични автомобили кои не се поскапи од тие со мотори со внатрешно согорување. Ја истражуваме територијата на одржливата мобилност за сите, тоа е нашиот голем проект. Од 2025 до 2030 година нашата линија производи полека ќе станува само електрична.Тоа ќе биде радикална промена за Fiat“ изјави изврпниот директор на компанијата, Оливие Франсоа.

Fiat само што ја претстави електричната верзија на својот модел 500 во некои региони. Барем засега стандардниот 500 исто така ќе биде достапен. Fiat сака да го подобри пристапот до електрични возила, да изгради инфраструктура за полнење и за квалитетот на воздухот.

(Engadget)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •