25.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Првата планинска соларна фарма во светот е 50% поефикасна

Kabtel desktop


Има одредени предности во поставувањето соларни панели на многу големи височини. Истражувачи од целиот свет се вртат кон иновативни методи за поставување на технологија за обновлива енергија на места кои служат за друга цел и со тоа да се намали потребата за искористување на ново земјиште за технологии како што се соларните фарми.

Еден од последните такви примери е компанијата Romande Energie, која изгради пловчка соларна фарма на резервоар во центарот ан швајцарските Алпи. Проектот неодамна ја освои наградтаа Swiss Watt d’Or за најдобра иновација за обновлива енергија за 2020 година.

Соларната фарма е поставена на висина од 1.800 метри надморското ниво на резервоарот Lac des Toules во Вале, Швајцарија. Фармата е составена од 36 пловечки платформи и има повеќе од 2.000 м2 соларни панели. Бенефитот од поставувањето соларни панели на оваа висина е во тоа што таму сончевата радијација е посилна. Во планинските региони снег има насекаде околу резервоарот во зима, кој исто така ја рефлектира светлината кон панелите.

Од Romande Energie велат дека нивната планинска фарма собира 50% повеќе енергија отколку соларните фарми поставени на помали висини. Гијом Фух, лидер на проектот, вели дека пилот проектот прооизведува околу 800 мегават-часови енергија годишно, што е доволно за 225 домаќинства.

Проектот моментално е во тест-период од 2 години, во текот на кој истражувачите ќе го анализираат системот за да видат дали може да се скалира и дали може да се постави на други резервоари во светот.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •