14.8 C
Skopje
сабота, септември 25, 2021

Македонските „Биоплант“ органски сокови од гоџи, цреша и јаболко добија престижна меѓународна награда!

Kabtel desktop

Престижната награда „Супериорен вкус“ која ја доделува International taste Institute од Брисел е големо признание за домашната компанија Биоплант и како што вели нејзиниот сопственик Ванчо Зрнцев признание за напорите на компанија за производство на органски сокови со врвен квалитет.

Господине Зрнцев, „Биоплант“ е единствениот сертифициран производител на органски садници од овошјето гоџи во Македонија. Од каде идејата да развивате токму ваков бизнис?

Идејата за започнување агробизнис ја добив летото 2013 година, кога на еден деловен состанок во Бугарија за прв пат слушнав за гоџи. По моето враќање дома, интезивно почнав да читам статии на интернет и да гледам видеа за ова кинеско овошје. Учеството на мојата фирма „Анима“ на саемот „Технома“, во октомври 2013 во Скопје, го искористив за да проверам дали ќе има интерес кај луѓето за гоџи. Иако на саемот имавме штанд за GPS системи, во еден агол ставивме мини штанд каде делевме флаери за нашиот бизнис модел со гарантиран откуп на родот. Интересот беше огромен, а тоа ми помогна да ја донесам конечната одлука за формирање на подружницата „Биоплант“, која ќе нуди саден материјал од гоџи, но и ќе го гарантира откупот. Во првите неколку години садниот материјал го увезувавме од Бугарија, но подоцна почнавме самите да произведуваме садници, најмногу поради фактот што сакавме да имаме целосна контрола врз квалитетот на садниот материјал и да нудиме органски произведени садници.

Каде може да се одгледува гоџи во Македонија, дали му одговара поднебјето?

Ние имаме кооперанти кои одгледуваат гоџи ширум Македонија, па затоа може да кажам дека резултатите не зависат од поднебјето, туку од вложениот труд. Секако, во низинските подрачја, за разлика од планинските предели, вегетативниот период е подолг, па оттаму и родот е побогат.

Според истражувањата гоџито делува благотворно на здравјето и е многу популарно во светското кулинарство. Како се користат овие бобинки?

Гоџи се јаде свежо, замрзнато, сушено или преработено во сок, џем или друго. Eфект од гоџи најмногу се постигнува доколку истото се конзумира свежо или како ладно цеден сок. Од почетокот од овој век, популарноста на гоџито расте, откако резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот. Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето. Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџито супериорно ја држи првата позиција. Колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареење.

Од друга страна одгледувањето гоџи и како бизнис е многу прифитабилно. Го увидуваат ли тоа нашите земјоделци?

Тврдам дека не постои попрофитабилен агробизнис во Македонија од плантажното одгледување гоџи. Не само поради фактот што повеќекратно е поисплатливо од најдоходовните култури во Македонија, туку и затоа што откупот е загарантиран со повеќегодишен договор за откуп на целиот род. Од само еден декар, односно 1.000 квадратни метри  засадени со 400 садници гоџи, во третата година (кога се добива и сертификатот за 100 отсто органско производство и кога започнува откупот) се заработуваат минимум 2.000 евра, во четвртата година минимум 3.000 евра, во петтата минимум 4.000 евра, a од шестата година минимален приход ќе изнесува 6.000 евра годишно. Сите овие пресметки се без без вклучени субвенции, кои им следуваат на производителите.  Овие калкулации, исто така се само за 400 садници, а едно семејство може да одгледува и многу повеќе, доколку се посветат на плантажното одгледување гоџи.

Од само еден декар со 400 садници гоџи, во третата година се заработуваат минимум 2.000 евра, во четвртата година минимум 3.000 евра, во петтата минимум 4.000 евра, a од шестата година минимален приход ќе изнесува 6.000 евра годишно.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •