17.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Од 1 јули се укинува роамингот за Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Kabtel desktop

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома. Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавенo за 1 јули 2021 година.Можеби ќе ве интересира

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Фото – Freepik

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •