19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Забрана за работа на компанијата „Евротим“ поради отстапки во квалитетот на мазут

Kabtel desktop

Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за работа на компанијата „Евротим“ од Кичево, поради отстапки во кавлитетот на мазут, утврдени при дополнителните анализи.

– Надлежните институции продолжуваат со постапувањата во врска со случајот за увоз на мазут и нафтени деривити. Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од скалдот за мазут во Ресен, во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут, кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“, се наведува во соопштението на ДПИ.

Инспекторатот, додаваат оттаму, уште при првичните контроли во компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево“, изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот што го увезува оваа компанија. Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за кавлитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои беа земени мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.

– Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во координација со министерот за економија, Крешник Бектеши, се задолжија сите надлежни институции да спроведат итни, вонредени и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати, се истакнува во соопштението.

Се дополнува дека по зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство – Скопје, за понатамошно процесурирање и постапување согласно нивните надлежности.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •