17.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

НАСА објави ново видео од панорамата на Марс

Kabtel desktop


НАСА објави ново видео на кое може подобро да се види површината на Црвената планета. Видеото е направено во делот на кратерот Езеро наречен Ван Зил Оуверлук, за кој научниците сметаат дека некогаш бил езеро.

Ова видео го означува заминувањето на роверот од местото на слетување додека започнува нова научна фаза од најнапредната мисија на Марс. Видеото е направено со помош на стерео системот Mastcam-Z додека роверот бил паркиран 13 дена. Панорамата од 2,4 милијарди пиксели се состои од 992 фотографии комбинирани во една фотографија.

Роверот влегува во научна фаза додека го напушта подрачјето Октавија и Батлер каде што слета на 18 феруари годинава. Веќе е докажано дека може да создава кислород од атмосферата на Црвената планета, а досега направи повеќе од 75.000 фотографии. Дури сними и звуци од површината на Марс.

(NASA)

(фото: NASA)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •